Утрински Весник
Свет

ИДФ им препорача на жителите на повеќе либански градови да се евакуираат

Idf lofo x.jpg

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска ги предупредија жителите на неколку либански градови да се евакуираат пред воздушните напади врз цели на Хезболах.

– Со оглед на тоа дека организацијата Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот, ИДФ се принудени да дејствува против неа со сила, изјави портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае.


На цивилите во Маџфадун, Шукин, Џохмар, Арнун, Завтар ел Шаркија и Кфар Тебнит им е наредено да се евакуираат и да се оддалечат најмалку еден километар од областа означена на картата објавена од ИДФ.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа им нареди на ИДФ „жестоко да нападнат“ цели на Хезболах во Либан.

Можете да прочитате

Израелски министер повторно се закани со уништување на Газа

„Алибаба“ претстави нов чип за вештачка интелигенција и најави значително поголем модел

Светските лидери се собираат во Њујорк: Војните, климата и вештачката интелигенција пред Обединетите нации