Утрински Весник
Македонија

Почина возач на патот Кичево-Демир Хисар, му се слошило, по што излетал од патот

Policija 3.webp.webp

На 25.04.2026 во 15:30 часот во ПС Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на с. Видрани, од патот излетало патничко возило „фолксваген поло” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од с. Другово,кичевско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а по кажување на сопругата на возачот, која била во возилото, Т.С. се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со возилото излегол надвор од коловозот.


По насоки од јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.

Можете да прочитате

Уапсен 16 годишник поради кражба и напад врз малолетник

Претреси во Кочани, пронајдена дрога

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ