Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Наместо популизам како параван – ајде на нотар и да го смениме Уставот за вистинска одговорност

Ilija chilimanov io na ldp.jpg

Соопштение на ЛДП:

Либерално-демократската партија (ЛДП) повикува на итно прекинување на празната реторика и лажниот патриотизам што се сервира преку селективни законски измени. Наместо дневно-политички театар кој ни го сервираа(т), ЛДП нуди правно решение  за вистинска одговорност на секој избран и назначен функционер.


Истакнатиот правник и член на раководството на ЛДП, Илија Чилиманов, посочува дека обидите со закон да се регулира прашањето на државјанството на пратениците, без притоа да се отвори Уставот, е свесна манипулација.

„Како либерали, ние не го спориме правото на избор на секој граѓанин. Но, како правници, укажуваме дека не смее да има демагогија: предлозите кои се косат со Европскиот суд за човекови права се само ветер и магла. Ако предлагачите навистина сакаат функционери со само едно државјанство, патот е само еден, веднаш да се отвори Уставот и правилата да важат подеднакво за сите, без привилегии”, нагласува Чилиманов.

ЛДП инсистира на конкретни чекори за соголување на оваа нова популистичко-политичка претстава:

1. Нотарска изјава како личен тест: ЛДП ги повикува сите пратеници и функционери да дадат нотарска изјава за државјанството под кривична одговорност. Да се види кој е подготвен да ја гарантира својата искреност со законска последица, а кој само профитира од популизам.

2. Сеопфатни уставни измени: Отворањето на Уставот е шанса не само за дефинирање на критериумите за функционерите, туку и за остварување на клучните заложби на ЛДП за еднаквост и економски заштеди за народот: намалување на бројот на пратеници на 90 и ограничување на бројот на членови на Владата на максимум 15.

3. Крај за двојните аршини: Политичката елита не смее да биде над граѓаните. Лојалноста не се докажува со знамиња или политички трикови, туку со почитување на институциите и уставниот поредок.

ЛДП останува на ставот дека државата не се сака со демагогија, неискреност и дволичност, туку со транспарентност и чист образ пред граѓаните. Време е некои политичари да престанат да се кријат зад популистички флоскули и да покажат вистинска храброст за системски промени. Граѓаните сакаат да знаат за кого гласаат и што им останува во џебот.

Линк од видео: https://youtu.be/AquDFZihN34?si=LsDOTZaT5NcHux8a

Можете да прочитате

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

За влез во Грција се чека по неколку часа

Филипче ќе посети земјоделци во Долни Балван