Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Сцена на отворено, музика и сеќавања, во понеделник го чествуваме роденденот на Горан Стефановски

Image 2026 04 26 092547848.png

Општина Центар на 27 април, во понеделник, со почеток од 17 часот, кај спомен-клупата на Горан Стефановски, ќе одржи настан посветен на одбележувањето на роденденот на еден од најзначајните македонски драмски автори и културни дејци.

„Ги поканувам центарци и сите почитувачи на книжевноста и делото на Горан Стефановски да ни се придружат и заедно да го одбележиме неговото творештво, неговиот дух и неговото присуство во културниот живот, преку уметност, музика, сеќавања и пријателски разговори”, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.


Домаќин на настанот ќе биде неговиот син, Игор Стефановски, кој ќе ги потсети присутните на родендените што ги славеле заедно, како и на неговиот живот, хумор, идеи и оставштина.

Во рамки на настанот, хорот „Мирче Ацев” ќе изведе неколку од омилените песни на Горан Стефановски, а настап ќе има и младата џез формација „Трицикл”.

Програмата ќе биде збогатена со монолози од неговите дела, интерпретирани од актери, како и со ликовна изложба со портрети од Горан, насликани од уметникот Ненад Рафајловски. Музичката атмосфера ќе ја заокружи DJ Шурбе со свој DJ сет.

Општина Центар, години наназад, реализира настани и уредува уметнички катчиња, посветени на животот и делото на славниот дебармаалец.

Можете да прочитате

Ристески: 138 милиони денари од Општина Аеродром за сокачиња

Жичницата на Водно денес не работи поради технички проверки

Дуатлон трка во чест на Ѓоко Кузмановски, затворени дел од сообраќајниците во општина Аеродром