
Американската војска соопшти дека пресретнала брод под иранско знаме во близина на Ормутскиот теснец.
Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) објави фотографија на социјалните мрежи, на која се гледа американски разурнувач како, според нивните тврдења, пресретнува брод во стратешки важниот поморски коридор.
Инцидентот доаѓа во услови на зголемени тензии, откако САД воведоа блокада на иранските пристаништа, како одговор на потегот на Техеран практично да го затвори Ормутскиот теснец – клучна рута низ која минуваат околу 20 проценти од светската нафта.
Според информациите, Иран од почетокот на конфликтот пред осум недели блокирал речиси сите бродови, освен оние под своја контрола.
Од Техеран порачаа дека нема да го отворат пловниот пат сè додека САД не ја укинат блокадата, што дополнително ја комплицира ситуацијата и го зголемува ризикот од нови инциденти во регионот

