
Американскиот државен секретар Марко Рубио и еврокомесарот за трговија Марош Шефчович денеска во Вашингтон потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство меѓу САД и Европската Унија во областа на критичните минерали, соопшти Стејт департментот.
Во соопштението се наведува дека Рубио истакнал оти потпишувањето на меморандумот ја покажува важноста на снабдувањето со критични минерали за економскиот развој и за националната безбедност.
Тој нагласил дека САД и ЕУ заедно го претставуваат најголемиот пазар во светот и дека затоа Вашингтон и Брисел мора да обезбедат достапност на ретките минерали.
Шефчович изјави дека меморандумот ќе овозможи зајакнување на позициите на САД и на ЕУ во секторот на критичните минерали

