Утрински Весник
Македонија

На Ургентен донесен уште еден повреден работник од несреќата во Кисела Вода

Screenshot 7 4.jpg

Во Ургентниот центар во Скопје денеска е примен уште еден повреден работник од градилиштето во населбата Кисела Вода, информираат медицински извори за Телма.

Според првичните информации од Трауматологија, работникот се здобил со полесни повреди, но повеќе детали се очекуваат по извршените лекарски прегледи.


Претходно во Ургентниот центар биле донесени уште тројца повредени од истата несреќа, при што еден од нив бил префрлен на КАРИЛ поради тешки телесни повреди.

Раководителот на Трауматологија, д-р Арсовски, за Телма изјавил дека пациентот има сериозни повреди на нозете, додека останатите двајца работници се со полесни повреди и нивната состојба се следи.

Можете да прочитате

ОЈО отвори истрага за нападот врз лекар во поликлиниката „Букурешт“

Две и пол години затвор за Гордана Филиповиќ за смртта на пешакот кај Мостот „Гоце Делчев“

Пет лица уапсени во Скопје за предизвикување пожари