Утрински Весник
Македонија

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица 

Policija Mvr2.png

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град” кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број” и „цел на дознака” во уплатницата.

Апелираме до граѓаните да не ја носат потврдата од платената санкција во полициска станица, во интерес на заштеда за своето време и избегнување на непотребни гужви.


Можете да прочитате

Ревизорите со неповолно мислење за ДПИ: Само 148 инспектори на 313 предвидени места

Утрово голема акција на повеќе од 20 локации: Под истрага мрежа за шверц на цигари

За 35 отсто помалку загинати во сообраќајот – „Безбеден град“ дел од мерките на МВР