Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Муцунски со министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Бауер 

Mucunski 3.jpg

Во рамки на работната посета на Виена, Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Бауер.

На средбата стана збор за актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата, при што министерот Муцунски информираше за напредокот во спроведувањето на Планот за раст и Реформската агенда.


Министерот Муцунски ја потврди цврстата посветеност на Владата кон евроинтегративниот процес и спроведувањето на реформите.

Воедно, беше изразена благодарност за континуираната и силна поддршка од страна на Австрија, при што соговорниците се согласија дека проширувањето на Европската Унија претставува геополитичка неопходност за стабилноста и безбедноста на европскиот континент.

Можете да прочитате

Министерство за транспорт: СДСМ сака да го спречи развојот на државата

Осумдневен притвор за скопјанецот кој ги запали автомобилите на бугарската амбасада

Царинска управа: На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари