Утрински Весник
Македонија

Денеска ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“

Whatsapp image 2025 12 02 at 13.00.51.jpeg

Во судницата во Кривичниот суд во Идризово, денес ќе се одржи ново рочиште за предметот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Денес предвидено е искази да дадат нови сведоци предложени од Обвинителството.


На претходното рочиште одбраната на сопственикот на „Пулс“ и првообвинет Дејан Јованов-Деко побара замена на притворот со куќен притвор поради вложена здравствена состојба. За случувањата за време на трагедијата сведочеа Ана Захариева, која на критичната вечер била гостин во „Пулс”, како и Александар Јосифов, кој од 2017 до 2021 година бил главен секретар во Општина Кочани, во мандатот на градоначалникот Николчо Илиев и Драган Ананиев, вработен во Општина Кочани.

Судењето е во доказната постапка со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Можете да прочитате

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ

Скопски таксист „одрал“ странски турист – 7.800 денари од Центар до Средно Водно

Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и муниција