Утрински Весник
Македонија

Предлогот за укинување на техничката влада денеска пред пратениците

Whatsapp image 2025 10 28 at 13.39.39.jpeg

На дневен ред на денешната 98. седница на Собранието на Македонија се повеќе точки, меѓу кои и предлог законските измени на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка.

Со нив, се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничката влада.


Предложеното законско решение, со одложната примена, како што се вели во образложението од предлагачот – Владата, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на започнатите реформи.

– Заради потребата од рационално и одговорно користење на јавните финансии, зајакнување на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата како носител на извршната власт избрана од Собранието, со овој предлог закон се воспоставува јасна и применлива правна рамка која ќе ги гарантира фер и транспарентните избори преку институциите основани со Уставот и законите и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото – се вели во образложението на предлог законот.

Можете да прочитате

Скопски таксист „одрал“ странски турист – 7.800 денари од Центар до Средно Водно

Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и муниција

Средби на Муцунски со министерката за европски и меѓународни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, и со министерката за Европа, Клаудија Бауер