Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во Виена на средба со македонската дијаспора: Убеден сум дека само заедно можеме да ја движиме државата напред

Large.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Виена остварил средба со нашите сограѓани од македонската дијаспора, со кои, како што објави, разговарале отворено за предизвиците, но и за можностите што ги имаме како држава.

Мицкоски, како што објави на својот Фејсбук профил, на средбите повикал „да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата“, посочувајќи дека „како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори“.


-Посебно ја истакнав важноста од продолжување и продлабочување на пријателските односи со Австрија. Блискоста меѓу нашите земји е јасна, а таа треба да ја претвориме во уште поголема економска соработка и нови инвестиции. Испратив порака до нашите луѓе во дијаспората, тие се нераскинлив дел од Македонија – објави Мицкоски на Фејсбук.

Овие средби, напиша Мицкоски, се важни затоа што градат заедништво и доверба.

-Убеден сум дека само заедно, со поддршка од дијаспората и со силни меѓународни партнерства, можеме да ја движиме државата напред. Работиме посветено, чекор по чекор, со јасна цел економски развој и подобар живот за сите наши граѓани – објави Мицкоски.

Мицкоски заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета во Виена, Република Австрија, во рамки на која, како што е најавено, ќе оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Кристијан Штокер.

Можете да прочитате

Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми – Левица повикува да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис

Бакрески: Постапуваме по решението на ДПИ

Величковски: Лицата на американските црни листи кај нас живеат слободно