Утрински Весник
Балкан

Турската полиција приведе 110 рудари кои штрајкуваа со глад во Анкара

Rudnik.webp.webp

Турските власти приведоа вкупно 110 рудари кои почнаа штрајк со глад пред зградата на Министерството за енергетика во Анкара поради неисплатени плати и надоместоци, објави денеска порталот „Туркиш минит“.

Рударите го почнаа својот протест пред девет дена со марш од западниот турски град Ескишехир кон главниот град. По пристигнувањето пред Министерството, тие ги соблекоа маиците и шлемовите, прогласувајќи штрајк со глад, по што интервенираше полицијата и ги приведе демонстрантите.


Протестот беше организиран од Синдикатот на независни рудари во Турција во име на вработените во компанијата „Дорук мајнинг“. На социјалната мрежа „Икс“ беа објавени и снимки од моментот на приведувањето.

Учесниците во штрајкот тврдат дека некои од нив немаат земено плата веќе четири месеци. Адвокатот на синдикатот, Абдурахим Демирурек, изјави за „Туркије тудеј“ дека вработените во оваа фирма досега организирале повеќе од 20 протести, но нивните барања сè уште не се исполнети. 

Можете да прочитате

Кос предупредува: Западен Балкан може да изгуби 750 милиони евра од Планот за раст

Тројно убиство ноќеска во Подгорица

Хорор во Србија: Тинејџер го убил својот сосед па го запалил телото