Утрински Весник
Македонија

Почина и новинарката Лилјана Алтипармакова

44676.png

Македонската медиумска сцена денеска ја потресе тажна вест. Во ист ден, македонското новинарство остана без две свои долгогодишни, почитувани имиња кои оставија неизбришлива трага во јавниот простор.

Семејството на Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија, ја сподели веста за нејзиното заминување. Алтипармакова го мина целиот свој работен век во јавниот сервис, каде што како спикерка, новинарка и уредничка, беше еден од препознатливите гласови и ликови на македонското новинарство.


Со нејзината работа, таа остави значаен белег во развојот на медиумите во земјава, а нејзиното искуство и професионалност ќе останат запаметени од бројни генерации новинари и гледачи.

На ист ден, медиумската заедница се простува и од Гордана Дувњак, чие заминување претставува уште еден тежок удар за македонската јавност.

Погребот на Лилјана Алтипармакова ќе се одржи утре, 22 април, во 11.30 часот на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Можете да прочитате

Драмскиот театар одбележува 80 години постоење – за јубилејот премиера на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски

Средба во ЦУК со претставници од САД

Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво