Утрински Весник
Свет

Мишел упати критика кон Урсула фон дер Лајен

Lajen.jpg

Поранешниот претседател на Европски совет, Шарл Мишел ја критикуваше Европската комисија и нејзината претседателка, Урсула фон дер Лајен, за обид да преземат повеќе моќ отколку што заслужуваат.

Според него ЕК ги пречекорува своите овластувања и се обидува да ги преземе ингеренциите на Европскиот совет во одбраната, надворешното претставување и Службата за надворешни работи (ЕЕАС).


– ЕК денес се обидува да ја преземе контролата. Тоа не е во согласност со Договорот (на ЕУ) – истакна Мишел.

Тој додаде дека Фон дер Лајен „авторитарно управува“, додека комесарите повеќе немаат никаква улога.

Мишел оцени и дека ЕУ погрешно и слабо одговорила на непријателството со САД, посочувајќи оти не постоел заеднички одговор на американските санкции за поранешниот еврокомесар Тиери Бретон

Можете да прочитате

Јужнокорејскиот претседател: Топлотниот бран е национална катастрофа

Најмалку пет лица загинаа, шест се повредени во укаринска напад во Московската област

Брод погоден во Ормутскиот теснец