Утрински Весник
Свет

Иранските власти егзекутирале две лица осудени за соработка со израелски разузнавачки служби

Iran.webp.webp

Иранските власти егзекутираа двајца мажи обвинети за шпионажа и соработка со израелската разузнавачка служба Мосад.

Егзекуциите биле извршени рано изутринава, а смртните пресуди им ги изрекол револуционерниот суд во градот Караџ, во близина на Техеран.


Според иранските власти, Мохамад Масум Шани и Хамед Валиди биле дел од шпионска мрежа поврзана со Мосад и биле обучувани во странство, вклучително и во регионот Ирачки Курдистан.

Засега не е познато кога двајцата биле приведени ниту кога им се изречени пресудите.

Организациите за човекови права со години ги критикуваат иранските судки власти дека мошне лесно изрекуваат смртни пресуди, како и дека Техеран егзекуциите ги користи како средство за застрашување. Според норвешката организација „Iran Human Rights“, минатата година во Иран биле егзекутирани најмалку 1.639 лица, што е највисок број во последните 35 години.

Можете да прочитате

Лавров предупредува: Воено-биолошките активности на голем број земји придвижуваат сериозни прашања

Писмо на Фицо до Фон дер Лајен: Огромен пораст на цените на горивата во Европа, а ЕУ е загрижена само за Украина

Бразил, Германија, Индија и Јапонија побараа итна реформа на Советот за безбедност на ОН