Утрински Весник
Македонија

Левица на Конгресот на шведската Лева партија (Vänsterpartiet)

675421367 1535647261251666 7192060230718215359 n.jpg

Соопштение на Левица:

Евгенија Станкоска, член на Централниот комитет на Левица и раководител на Центарот за меѓународна соработка, присуствуваше на конгресот на шведската Лева партија (Vänsterpartiet) во градот Еребро.


Конгресот се одржува во пресрет на изборите во Шведска, кои се закажани во септември и опфаќаат парламентарни, регионални и локални избори, под слоганот „На Ваша Страна”. Станува збор за клучен политички настан на кој беа усвоени главните програмски определби, стратешките цели и насоки за претстојниот изборен циклус. Делегатите, исто така, ја реизбраа и актуелната лидерка Нуши Дадгостар, потврдувајќи ја довербата во нејзиното водство.

Во фокусот на конгресот беа економските и социјалните прашања кои директно го засегаат животниот стандард на граѓаните – политики за ограничување на висината на кириите, зајакнување на јавното здравство и достапноста на здравствените услуги, подобрување на системот на социјална заштита, како и конкретни мерки за справување со инфлацијата и растечките трошоци за живот.

За време на конгресот, Станкоска оствари повеќе средби и дискусии со европратеници, пратеници од германската Ди Линке, како и со претставници на норвешката Социјалистичка лева партија и Демократските социјалисти од САД, при што беа разменети искуства и отворени можности за понатамошна соработка.

Овие средби јасно ја покажуваат разликата во пристапот – левите сили се поврзуваат како сојузници, градејќи соработка врз солидарност и меѓусебно почитување, додека десницата се групира во идеолошки блиски кругови каде односите се хиерархиски. Во таквите релации, држави како нашата не се рамноправни партнери, туку ресурс и евтина работна сила, предмет на ладна калкулација наместо на реципроцитет. Токму тука се прави разликата меѓу две визии: една што гради односи меѓу народите и една што ги сведува на средство за туѓ интерес.

Присуството на Левица на Конгресот претставува дел од континуираните напори за развивање на меѓународната соработка и размена на искуства со сродни политички субјекти.

Левица гради односи врз принципи и со чувство на солидарност и хуманост – во служба на народот и со убеденост во конечната победа!

https://www.facebook.com/share/p/1Mv62ZBNkZ/?mibextid=wwXIfr

Можете да прочитате

ДУИ бара итна оставка на Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

Саем на книга 2026 – најголемиот литературен настан во годината

Поголема група кандидати за амбасадори и конзули помина на владина седница, вели Муцунски