Утрински Весник
Свет

Северна Кореја испали балистички ракети

Severna koreja.webp.webp

Северна Кореја испали балистички ракети кон исток, објави „Ројтерс“ . Инцидентот го потврдиле и јапонски извори.

Северна Кореја по седми пат лансираше балистички ракетиоваа година, само месецот четири пати.


Професорот на Универзитетот Кјунгнам во Јужна Кореја, Лим Еул-чул, изјавил дека Северна Кореја го користи моменталниот фокус на САД врз Иран, истакнувајќи дека земјата го гледа ова како златно време за надградба на своите нуклеарни енергетски и ракетни капацитети.

Ваквите тестови ги кршат резолуциите на Советот за безбедност на ООН против севернокорејската ракетна програма.  Пјонгјанг, од друга страна, ја отфрла забраната на ООН, истакнувајќи дека тоа го крши нејзиното суверено право на самоодбрана.

Јужнокорејската војска соопшти дека балистичката ракета летала кон исток, објави новинската агенција Јонхап, без да даде детали.

Јужнокорејското Министерство за одбрана сè уште не го коментираше инцидентот.

Можете да прочитате

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД

Повеќе од 770 училишта во Велика Британија добија лажни дојави за поставена бомба

Најмалку 300 училишта во Италија се евакуирани по закани со бомба, закана упатена и до Мелони