Утрински Весник
Свет

Иран ќе им даде приоритет за премин низ Ормуската теснина на бродовите кои ќе платат

Ormuskata tesnina1.webp.webp

Иран ќе им даде приоритет за премин низ Ормуската теснина на оние бродови кои ќе платат за тоа, пренесува денеска Cи-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван висок ирански функционер.

„Со оглед на ограничениот број бродови на кои ќе им биде дозволено да поминат, Иран одлучи да им даде приоритет на бродовите кои брзо одлучиле да го користат новиот протокол и да платат за безбедносните услуги на преминот“, рече функционерот.


Според него, преминувањето на бродовите кои не плаќаат ќе биде „одложено“.

Тој оцени дека приоритетот е воведен како мерка во рамките на напорите на Иран за управување со морскиот сообраќај.

Иранска новинска агенција претходно објави дека Ормуската теснина е вратена под строга контрола на иранските вооружени сили.

Врховниот совет за национална безбедност на Иран денеска го повтори својот став дека бродовите мора да плаќаат патарина за да поминат низ Ормуската теснина, откако клучниот морски пат повторно беше затворен. Во соопштението се наведува дека Иран е решен да спроведува надзор и контрола на сообраќајот низ Ормуската теснина „додека војната дефинитивно не заврши“ и не се постигне траен мир во регионот.

Можете да прочитате

Два брода под индиско знаме нападнати додека се обидувале да поминат низ Ормуската теснина

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни

Двајца убиени и пет повредени меѓу кои и дете во пукотница во Киев, соопшти градоначалникот Кличко