Утрински Весник
Свет

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни

Papa.webp.webp

Папата Лав Четиринаесетти се обиде денеска да го минимизира значењето на наводниот спор со американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека извештаите за неговите изјави за време на африканската турнеја „не се во целост точни“.

Во разговор со новинарите за време на летот за Ангола, во рамки на третата етапа од 10-дневната турнеја низ Африка, првиот папа од Соединетите Американски Држави рече дека неговите изјави во Камерун, во кои предупреди дека светот е „уништен од неколку тирани“, не биле насочени кон Трамп.


Како што наведе, говорот бил подготвен две недели претходно, пред американскиот претседател да коментира за него и неговата порака за мир.

Можете да прочитате

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства

Клучен човек на Путин: „Ако нè нападнат, Варшава ќе ја снема за 2-3 дена“

САД за прв пат потврдија распоредување на вселенско оружје во орбитата