Утрински Весник
Спорт

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП

Pmfl.png

Во двата денешни натпревари во рамки на 28. коло во Првата македонска фудбалска лига, скопски Вардар со убедлив триумф од 7-0 над последнопласираниот Шкупи се врати на чело на табелата, додека Пелистер освои важни бодови во битката за опстанок, совладувајќи ја Македонија ЃП со 2-0.

Вардар извојува рутинска победа на гостински терен против градскиот ривал со головите на Закариќ (10 минута), Бабунски (44), Рустеми (автогол, 45+3), Тодоровски (56), Цветковиќ (63), Спахиу (82) и Омерагиќ (90+2).


На дуелот во Битола, фудбалерите на Пелистер ја прекинаа серијата од два натпревари без победа со головите на Ивановски (49) и Србијанац (72).

Двата завршни натпревари од 28. коло се на програмата утре, кога Работнички го пречекува Арсими, додека Башкими е домаќин на Струга.

Табела: Вардар 68, Шкендија 67, Струга 59, Силекс 52, Тиквеш 40, Башкими 37, Арсими 35, АП Брера 33, Пелистер 29, Работнички 25, Македонија 24, Шкупи 1. 

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0