Утрински Весник
Балкан

За грчките полицајци е срамно она што се случува на граничните премини поради ЕЕС системот

Evzoni.jpg

Унијата на полициски службеници од Кукуш реагираше дека примената на новиот европски систем за влез/излез (ЕЕС) на граничните премини предизвикува сериозни метежи, долги редици и зголемена нервоза кај патниците.

Од синдикатот посочуваат дека на граничните премини, меѓу кои и Евзони кон Северна Македонија, се создаваат „срамни сцени“ со долги чекања и отежнат проток на патници, при што најголем притисок трпат полициските службеници.


Според нив, иако воведувањето на системот било најавено со години, не биле преземени доволни инфраструктурни подготовки, ниту модернизација на комуникациските и интернет-врските на премините.

„Резултатот е импровизација, редици и незадоволство кај граѓаните, а полицајците повторно се наоѓаат во првата линија на незадоволството“, наведуваат од Унијата, додавајќи дека има и зголемени тензии на терен.

Тие апелираат за итно кадровско и техничко зајакнување на граничните премини, особено во пресрет на туристичката сезона, кога се очекува значително зголемен сообраќај.

ЕЕС системот, кој неодамна започна со целосна примена на надворешните граници на Европската Унија, предвидува електронска регистрација на влез и излез на државјани од трети земји, со биометриска обработка на податоци како отпечатоци од прсти и фотографија.

Можете да прочитате

Владиниот совет за национална безбедност на Грција ги одобри грчката „Железна купола“ и уште десет програми за вооружување

Комарците носат нова закана во Грција – 21 лице заразено со вирусот Западен Нил

Невреме во регионот – Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска