Утрински Весник
Балкан

Дојави за бомби во Хрватска, БиХ и Црна Гора

Policija Police Pixa.jpg

Државите од регионот се соочуваат со нов бран лажни дојави за поставени експлозивни направи, што безбедносните експерти ги оценуваат како дел од координирана хибридна активност насочена кон дестабилизација и ширење паника меѓу граѓаните.

Во текот на изминатите часови, голем број јавни институции, училишта, судови и трговски центри низ Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора примија заканувачки пораки за поставени бомби. Дојавите предизвикаа евакуација на повеќе објекти во Загреб и други поголеми градови, парализирајќи го секојдневниот живот на илјадници граѓани. Посебен фокус беше ставен и на Сараево и други клучни центри, каде полициските екипи извршија детални контрадиверзиони прегледи. Институциите во Подгорица беа мета исто така на серија закани, кои принудија итно прекинување на работата на државните органи.


Министерствата за внатрешни работи на трите држави соопштија дека се работи на откривање на изворите на овие пораки. Иако досега ниту една дојава не се покажа како вистинита, полицијата потсетува дека секоја закана се третира со максимална сериозност.

Можете да прочитате

Во Грција за четири месеци уапсени 3.850 лица за семејно насилство

Во Белгија штрајк на контролорите на воздушниот сообраќај

Тројца македонски државјани уапсени во Хрватска