Утрински Весник
Македонија

Полицаец фатен како вози со активна забрана за управување и под дејство на алкохол

Policija Mvr2.png

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.М. на работно место „полицаец“ во ПС за ГП и ГН Меџитлија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено и казниво по член 297-а став 2 од Кривичниот законик.

Пријавениот, надвор од работното време, на 01.04.2026 на ул. „8 Септември“ во Битола управувал патничко моторно возило „бмв“, во лична сопственост, во време кога имал активна забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија. Покрај тоа, возилото го управувал со брзина од 98 км на час во населено место каде дозволената брзина била 50 км, со присуство на алкохол во организмот од 0.73 промили.


По насоки дадени од страна на јавен обвинител, моторното возило е одземено. ОВККИПС против Д.М. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Можете да прочитате

Марковиќ: Еди Рама јавно го исмеа спорот со Бугарија

Марковиќ: Ако Албанија и Црна Гора влезат пред нас во ЕУ – тоа ќе биде огромен пораз за Македонија

Марковиќ: Одливот на мозоци не запира, младите масовно ја напуштаат Македонија