Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“

20230802164551 big 730x400 80.webp.webp

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ.(58) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа – Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која немало урбанистичка документација, ниту одобрен проект за инфраструктура, а била во заштитен појас од 50 метри, а за кој простор општина Охрид имала донесено времен мораториум за какви било градежни активности, согласно планот за управување со светско природно и културно наследство на охридскиот регион.


Можете да прочитате

Марковиќ: Еди Рама јавно го исмеа спорот со Бугарија

Марковиќ: Ако Албанија и Црна Гора влезат пред нас во ЕУ – тоа ќе биде огромен пораз за Македонија

Марковиќ: Одливот на мозоци не запира, младите масовно ја напуштаат Македонија