Утрински Весник
Македонија

Светски ден на лицата со хемофилија и ретки коагулопатии – се бара понова, пософистицирана и навремена терапија

486429485 1086788526820791 8179359517002561808 n.jpg

Понова, пософистицирана терапија за третманот на лицата со хемофилија побара денеска Цветанка Наќеска од Здружението на лица со хемофилија, Фон Вилебранд и ретки коагулопатии – „Хемолог“.

Таа рече дека вторпат во државата не се прославува 17 април – Светскиот ден на лицата со хемофилија и сите ретки коагулопатии.


– Немаме ниедна причина за прослава. Прво и основно, ние немаме доволно терапија за да функционираме и да можеме да прославуваме. Цела 2025 година ни беше со недостиг на фактор. Кога имаме – кога немаме – изјави Наќеска.

Таа информира дека се настојувало во 2026 година порано да биде распишан тендерот.

Наќеска повика на маса претставници на Фондот за здравство, Министерството за здравство, Центарот за хемофилија, Здружението, со цел да се реши овој проблем, изразувајќи надеж дека од мај 2026 година овие лица ќе немаат никаков проблем и ќе имаат редовна терапија.

Министерот за здравство Азир Алиу денеска беше прашан до каде е тендерската постапка за набавка на лекови за лицата со хемофилија, кои добиле и донација, а која поради административни процедури уште не ја добиле.

– Овие административни постапки се децентрализирани. Така што, тоа не се прави само од една институција, туку се прави врз основа на клиниката и потребите. Според моите информации, тендерската документација е при крај и се очекува дека тој лек максимум за две недели да го има тука. А за процедурите, кои исто така, за жал, административно се закочени во системот, тоа е поради законска неможност на Институтот за јавно здравје и на МАЛМЕД како агенција да дадат позитивно мислење за да може лекот веќе физички ни е во државата – да може тој да биде пуштен во употреба. Правиме напори да најдеме решение како може да го ставиме во употреба. Ако не, ќе мора да се врати во земјата што ни е донатор – одговори Алиу на новинарско прашање.

Можете да прочитате

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

Полицаец фатен како вози со активна забрана за управување и под дејство на алкохол

Тројца вевчанци вработени во шумско стопанство „Јабланица“ го оштетиле буџетот за 280.000 денари