Утрински Весник
Македонија

Хоџа: Со програмата LIFE стратешките политики ги претвораме во конкретни еколошки решенија

Whatsapp image 2026 04 16 at 10.50.53 1.jpeg

Министерот за животна средина и просторно планирање денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE”, истакнувајќи дека Северна Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент.

Министерот нагласи дека во партнерство со „K&S Скопје” веќе се работи на зајакнување на националните капацитети, со цел максимално искористување на средствата од ЕУ за зелен пресврт и енергетски ефикасна економија.


Хоџа истакна дека програмата LIFE не е само фонд, туку механизам за зелен пресврт кон енергетски ефикасна економија и здрава животна средина.,,Имаме заедничка цел – претворање на стратешките политики во конкретни еколошки акции и одржливи решенија”- порача министерот пред присутните претставници на институциите, експертската јавност и граѓанските организации.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол