Утрински Весник
Свет

ЕК предлага воведување на апликација за проверка на возраста на корисниците на интернет

Internet.webp.webp

Европската комисија денеска предложи во Европска Унија да се воведе единствена апликација за проверка на возраста на корисниците на интернет.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен наведе дека нова апликација ќе биде со отворен код, нема да содржи никакви лични информации, нема да дозволи следење на корисниците и ќе може да се користи во сите земји во светот.


Таа посочи дека децата на интернет треба да бидат побезбедни.

– Интернетот им дава на децата одлични можности да учат за светот и животот, но знаеме дека со овие придобивки доаѓаат и закани. Безбедноста на децата на интернет е загрижувачка, истакна Лајен.

Според неа, едно од шест деца е жртва на онлајн малтретирање, а едно од осум малтретирало друго дете на интернет.

– Социјалните мрежи имаат зависнички дизајн и времето што децата го поминуваат пред екраните постојано се зголемува. Колку повеќе време децата поминуваат на интернет, толку е поголема веројатноста да бидат изложени на опасна и нелегална содржина. Родителите треба да ги едуцираат своите деца, а не онлајн платформите, наша должност е да ги заштитиме децата, наведе Лајен, инсистираше фон дер Лајен.

Можете да прочитате

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина

Песков: Русија е подготвена да го разгледа предлогот за складирање на ирански ураниум

Израелската армија доби наредба да ги убива сите борци на Хезболах во јужен Либан