Утрински Весник
Македонија

Димитровска не признава вина – ги отфрли наводите на обвинителството!

Tatjana Dimitrovska.jpg

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, денеска пред судот се изјасни дека не се чувствува виновна по обвиненијата за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат во рамки на случајот „Адитив“.

На денешното рочиште таа ги отфрли наводите на обвинителството, посочувајќи дека не е точно оти преку други лица полагала за добивање сертификат за највисоко ниво на доверливост – „државна тајна“ .Димитровска негираше и дека ревизорот Миле Столевски полагал тест во нејзино име.


Судењето продолжува со изведување на докази, додека обвинителството останува на ставот дека таа на обвинетиот во случајот „Адитив“, Небојша Стојановиќ, му доставувала доверливи информации. Според обвинението, преку комуникациски апликации таа наводно споделувала податоци за отворени предмети, службени белешки и информации поврзани со проверки на имотната состојба на обвинетиот и неговото семејство.

Истрагата против Димитровска беше отворена по анализа на телефонската комуникација на Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино, кој исто така е опфатен во случајот „Адитив“.

По поднесувањето на обвинителниот предлог, Димитровска поднесе оставка од функцијата претседател на Антикорупциската комисија. Обвинителството дополнително ја товари дека му дала пристап до нејзините кориснички податоци на колега ревизор за да полага во нејзино име за сертификат за класифицирани информации.

Можете да прочитате

Ахмети: Без Албанците, Македонија нема иднина

Ивановски: Иднината на вселената е во рацете на вештачката интелигенција

МНТ СО ДВОЈНА ПОБЕДА: ПРВЕНЦИТЕ ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ И ТАЊА КОЧОВСКА НАГРАДЕНИ ВО ИСТ ДЕН НА ДВА ФЕСТИВАЛИ