Утрински Весник
Свет

Словенија сака да ги напушти НАТО и СЗО!

Slovenija.webp.webp

Новиот претседател на парламентот и лидер на партијата Resni.co, Зоран Стевановиќ, изјави дека поддржува распишување референдуми за напуштање на НАТО, Европската унија и Светската здравствена организација.

Сепак, тој нагласи дека граѓаните на Словенија најверојатно нема да поддржат вакви чекори.


Во интервју за ТВ Словенија, Стевановиќ истакна дека земјата има значително повеќе придобивки од членството во ЕУ, но смета дека одлуките треба да се носат во Љубљана, а не во Брисел.

„Словенија мора да се врати како главен центар за одлучување. Не смее Брисел да ја води државата“, изјави тој.

Идејата за повлекување од Светската здравствена организација, како што појасни, била дел од предизборната програма на неговата партија и тие имаат намера да ги исполнат ветувањата.

Воедно, Стевановиќ ги демантираше тврдењата дека неговиот избор бил прославен со руски знамиња, истакнувајќи дека тие собири се редовни и немаат врска со неговата партија.

Во однос на политичката сцена, тој порача дека Resni.co нема да создава криза и ќе поддржи кандидат за премиер – без разлика дали станува збор за Роберт Голоб или Јанез Јанша – доколку нивните програми се усогласат со нивните политики.

„Нема да гледаме лево или десно. Ќе поддржиме влада што ќе ги намали даноците, ќе го подобри животниот стандард и сериозно ќе се бори против корупцијата“, нагласи Стевановиќ.

Можете да прочитате

Трамп: Европските лидери не знаат како да ја решат војната во Иран

Трамп: Во следните два дена се можни преговори со Иран

Дизни планира да отпушти 1.000 работни места