Утрински Весник
Македонија

Министерството за правда подготвува ново барање за враќање на Груевски

Ministerstvo za pravda .jpg

За поранешниот премиер Никола Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција, на 20 ноември 2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година, информираат од Министерство за правда.

Екстрадицијата тогаш беше побарана за сите предмети за кои постоеле сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои била распишана потерница.


Сепак, Унгарија на 5 август 2019 година го одби барањето, со образложение дека на Груевски му е одобрен политички азил. Според унгарското законодавство, лице кое има таков статус не може да биде екстрадирано во државата од која избегало.

Од Министерство за правда велат дека континуирано го следат случајот и преземаат активности согласно законските процедури.

Во текот на утрешниот ден, како што најавуваат, ќе биде доставено барање до надлежните судски органи и обвинителства за обезбедување на целокупната документација за сите предмети поврзани со Никола Груевски.

Откако ќе бидат прибрани потребните списи, Министерството ќе постапи согласно позитивните законски прописи, што може да отвори простор за ново барање за екстрадиција.

Случајот со Груевски повторно доаѓа во фокус на јавноста, особено во контекст на политичките промени во Унгарија и најавите за поинаков пристап кон лицата кои имаат правни процеси во своите матични држави.

Можете да прочитате

Ивановски: Иднината на вселената е во рацете на вештачката интелигенција

МНТ СО ДВОЈНА ПОБЕДА: ПРВЕНЦИТЕ ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ И ТАЊА КОЧОВСКА НАГРАДЕНИ ВО ИСТ ДЕН НА ДВА ФЕСТИВАЛИ

Месечината е само чекор – вистинската цел е Марс