Утрински Весник
Македонија

„Блесок 26“ – теренска вежба на Армијата: клучна фаза за НАТО-оценување на Лесната пешадиска баталјонска група

Dsc 0007.jpg

По повод отпочнувањето на активностите за вежбата „БЛЕСОК 26″ (Б-26), која ќе се изведува на повеќе локации во државата во периодот од 19 до 27 април 2026 година, денес во Генералштабот на Армијата се одржа брифинг за претставниците на медиумите.

На брифингот присуствуваа: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции (КО) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, директорот на вежбата полковник Игор Арсовски, портпаролот на ГШ на Армијата и дел од клучниот персонал од ГШ на Армијата и КО, кој е вклучен во процесот на планирање и подготовка на вежбата.


Началникот на Генералштабот истакна дека оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), кое ќе се реализира во рамките на оваа вежба, претставува кулминација на долгогодишната подготовка на најголемиот и најважниот НАТО капацитет – ЛПБГ, кој го развиваме уште пред зачленувањето на нашата држава во НАТО.

Од страна на полковникот Арсовски беа презентирани најважните информации за видот, целите, активностите и учесниците на вежбата, како и можностите за медиумско презентирање на активностите во текот на изведувањето на вежбата.

Вежбата „БЛЕСОК 26″ претставува продолжение на серијалот вежби „Македонски Блесок” и е значаен сегмент во процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), единица која е дел од пакетот на НАТО цели на способности. Главна цел на вежбата е оценување на нивото на борбената подготвеност на ЛПБГ, како НАТО цел на способност.

На истата ќе учествуваат околу 1500 припадници од Армијата на Република Северна Македонија, НАТО монитори и тим набљудувачи од Мултинационалните копнени сили (Multinational Land Forces – MLF).  

Можете да прочитате

Месечината е само чекор – вистинската цел е Марс

Децата природно се фасцинирани од астрономијата

Нова вселенска трка: САД и Кина во борба за Месечината