
Канадскиот премиер Марк Карни обезбеди парламентарно мнозинство за својата либерална влада на предвремените избори во Онтарио и Квебек, што ќе му даде 172 места во Долниот дом, кој има вкупно 343 места.
Карни рече дека мнозинството во парламентот ќе му помогне поефикасно да се справи со трговската војна со Соединетите Американски Држави, која ја започна американскиот претседател Доналд Трамп, објавува Си-Би-Ес Њуз.
Мнозинската влада му овозможува на Карни и да го одлучи времето на следните избори.
Карни ја консолидираше својата контрола во Канада барем до 2029 година, кога треба да се одржат национални избори.
Последниот пат кога федералната влада имаше мнозинство во парламентот беше за време на мандатот на Џастин Трудо, од 2015 до 2019 година.

