Утрински Весник
Свет

Цената на нафтата надмина 102 долари за барел

Nafta1.webp.webp

Цените на нафтата скокнаа денес на меѓународните пазари кон 102 долари, а инвеститорите се загрижени дека поморската блокада на Иран од страна на САД ќе ги направи испораките од регионот на Персискиот Залив уште поретки.

На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 6,65 долари поскапо попладне отколку на затворањето на трговијата на крајот од минатата недела, на 101,85 долари. На американскиот пазар, беше поскап за 6,07 долари, на 102,64 долари.


Пазарите беа потресени на почетокот на неделата од објавата на САД за иранската нафта.

Трамп најави блокада

Претседателот Доналд Трамп во неделата објави поморска блокада на Иран, незадоволен од ставот на Техеран во разговорите во Исламабад.

САД сакаа итно отворање на Ормутскиот теснец, но Техеран инсистираше на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и Либан, и на одмрзнување на средствата.

По објавувањето на прекинот на огнот меѓу САД и Иран кон средината на минатата недела, Израел повторно изврши воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе.

По заминувањето на американските преговарачи предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс од Исламабад, Трамп најави блокада на влезот во Ормутскиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запре сите бродови што им платиле на иранските власти транзитна такса.

Можете да прочитате

Орбан пак се јави по големиот пораз

Кина реагира на американската блокада на Ормуз

Почна американската блокада на Иран, вклучен и носачот „Абрахам Линколн“