Утрински Весник
Македонија

ДОАЃА СИЛЕН ЕЛ НИЊО: Пред нас е многу жешко лето со суперќелијски бури

Meteoalarm.mk 8 2.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Летото оваа 2026 година во Македонија ќе биде значително потопло од просекот со чести топлотни бранови со потекло од Африка кои често ќе бидат  и многу изразени и ќе донесат многу високи температури на воздухот кои особено во централните  и во југоисточните предели од Македонија ќе се искачуваат  и ќе надминуваат 40 степени. Секако оваа година во текот на летните месеци очекувам и почеста појава на оние тропски ноќи кога температурите на повеќето места во Македонија нема да се спуштаат под 20 степени.


Оваа 2026 година летото во Македонија очекувам да биде потопло од просекот за 1 до 2 степени.

Сето ова е поради тоа што во текот на летните месеци значително ќе добие на интензитет климатолошкиот феномен Ел Нињо кој носи топлина  и многу жешки лета во Европа  и секако на Балканот  и во Македонија.

Оваа 2026 година летото ќе ни донесе  и почести Суперќелијки бури во Европа и на Балканот а временските непогоди ќе бидат честа појава  и во Македонија. Повремено очекувам и појава на силни невремиња  и временски непогоди и во Македонија.

Можете да прочитате

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

Делегација на ТХП во посета на Анкара