Утрински Весник
Македонија

Од Виктор Орбан до Петер Маѓар: Редефинирање на европската динамика и позицијата на Македонијa

Adria forum 0424 251007 vid.jpg

Пишува: Проф. д-р. Иван Анастасовски

Петер Маѓар млад бунтовен и проевроски десничар кој пред да влезе во политиката учествувал во про боно правно застапување, како и во помош на антивладини активисти за време на протестите во 2006 година. Тој како дел од партијата ФИДЕС важел како „моќен инсајдер“. Откако ФИДЕС ја презеде власта на парламентарните избори во 2010 година, тој бил назначен за функционер во Министерството за надворешни работи. Една година подоцна, што се совпадна со унгарското претседателство со ЕУ, тој се приклучи на Постојаното претставништво на Унгарија во Европската Унија а од 2015 година се вработува во Кабинетот на премиерот. Помеѓу 2019 и 2022 година, бил извршен директор на Центарот за студентски кредити.


Петер Маѓар првпат се истакнува со своите критики кон владините политичари по скандалот со претседателското помилување на Каталин Новак. Во февруари 2024 година, тој објавува снимка од гласот на својата сопруга што тајно ја направил без знаење или согласност на сопругата, во која се открива дека претседателот на Унгарија, Каталин Новак, во април 2023 година му доделил претседателско помилување на Ендре Коња, заменик-директор на државен дом за деца во близина на Будимпешта, каде заменик-директорот ги принудувал децата да прикријат сексуална злоупотреба од страна на неговиот претпоставен, Јанос Вашархеји, директор на домот. Поради тоа неговата поранешна сопруга Јудит Варга која е поранешна министерка за правда и која го потпишала помилувањето, поднесува оставка до Националното собрание од министер за правда но во исто време и од лидер на листата на партијата ФИДЕС на изборите за Европскиот парламент во јуни 2024 година.

Искрено победата на Петер Маѓар во Унгарија би можело да има индиректно, но одредено влијание врз Македонија, особено преку ЕУ. Како прво, во деблокадата на ЕУ оти тој е јасно деклариран и ориентиран како про-ЕУ политичар и поради тоа би сакал да ги подобри односите со Брисел за разлика од Виктор Орбан, кој често поради своиѕте силни врски со истокот ги блокираше ЕУ политиките. Факт е тоа дека новата влада во Унгарија ќе биде покооперативна и повеќе наклонета кон европските одлуките и при тоа ќе придонесе за поголема функционалност на Унијата.

Во исто време, оваа победа на Петер Маѓар би требало да значи слабеење на „анти ЕУ блокот“ во регионот, оти сведоци сме дека Виктор Орбан беше дел од група лидери кои беа скептични кон европските политики, а во исто време имаше блиски односи со Русија, а особено со Кина, па затоа со неговото заминување постепено ќе се намалува влијанието на таквиот блок во Европа, а со самото тоа ќе се зајакнува проевропскиот наратив во Централна и Источна Европа.

Искрено не би требало да се очекува некое големо чудо за Македонија но многу е значајно да се има впредвид дека Петер Маѓар не е безусловно за про-проширување, оти и во неговите ставовипостојат резерви за брзо членство на нови држави, но сепак тој како млад проевропски десничар ќе се обидува да води прагматична политика и по однос на проширувањето ан ЕУ, ова значи дека за нас нема да има автоматско забрзување на македонскиот пат, туку за нас си остануваат клучните пречки на нашиот европски пат (договор со Бугарија, и клучните внатрешни реформи) како наша обврска.

Политичката промена после 16 години владеење на истрошениот десничар Виктор Оребан со нов проевропски модерен млад десничар во ликот на Петер Маѓар не е само внатрешно унгарско прашање, тоа е сигнал за поширока трансформација во Европа, сигнал кој Македонија не смее да го игнорира. Со заминувањето на Виктор Орбан, се затвора едно поглавје на тврд евроскептицизам во Централна Европа. Орбан со години беше симбол на политика која ја предизвикуваше Европска Унија одвнатре, блокирајќи одредени одлуки, релативизирајќи вредности и градејќи паралелни сојузи. Затоа новиот курс на Будимпешта би требало да оди во спротивна насока која значи соработка со Брисел, враќање на довербата, и нормално кон нормализација на односите со Брисел.

Но за нас е многу значајно што значило тоа за Македонија? На прва веднаш ќе прочитате дека ќе го врати Никола Груевски (хахахаха) интересна емоција кај нашите граѓани, но да бидам јасен на прв поглед тоа би требало да биде позитивен ветер во грг за нашите европски аспирации. Би требало да биде една непредвидлива држава помалку во ЕУ, или повеќе стабилност во одлучувањето. Помалку блокади, повеќе консензус. Во теоријата, тоа отвора простор за оживување на политиката на проширување, која со години беше жртва на внатрешни европски конфликти, но во реалноста таа процедура е посложена. Европската Унија денес не е заложник само на Виктор Орбан, таа е политички систем на 27 држави со дијаметрално различни интереси, стравови и визии, дури и со Петер Маџар на власт, проширувањето нема автоматски да се забрза. Напротив, ќе остане под силно влијание на билатерални прашања, како и на заморот од проширување кај старите членки.

Тука лежи суштината на македонската дилема: дали ќе ја читаме оваа промена како шанса или како алиби?

Лесно е да се каже дека „Европа се менува“ и дека тоа ќе ни ја отвори вратата. Но вистината е дека клучот за таа врата се уште е во Скопје, не во Будимпешта, но и во Брисел кој може (ако сака) да изврши силен притисок на Софија. Реформите, институционалната стабилност, владеењето на правото, се аргументите кои ниту една промена во Унгарија не може да ни ги замени и да ни ги реши, за жал мораме ние самите.

Истовремено, не треба да се потцени симболиката, дека падот на една силна евроскептична фигура покажува дека европскиот проект се уште има капацитет за самокорекција. Тоа е важна порака и за Балканот дека интеграцијата не е мртва идеја, туку процес кој се обновува. Затоа, победата на Петер Маѓар не е пресвртница за Македонија, но е некој сигнал. Сигнал дека Европа повторно се обидува да се консолидира. Прашањето е дали ние ќе бидеме подготвени кога тој процес ќе побара нови пристап на нови членки. Како заклучок од победата на Петер Маѓар може да се каже дека таа е многу позитивна за Европа како систем, во исто време е умерено позитивна за нашата Македонија, но не е пресуден фактор.

Затоа ЕУ може да стане поповолна, но судбината на Македонија се уште ќе зависи само од нас самите и темпото на внатрешните реформи, но најголемата пречка во делот на билатералните спорови останува на силе и таа мора да се реши.

Ставовите искажани во „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „24инфо“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Можете да прочитате

Пијан и со забрана за возење прегазил пешак во Неготинско

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави 

Муцунски: Најголемиот верски празник – Велигден заедно со македонската дијаспора во САД