Утрински Весник
Македонија

Маж од Гевгелија превезувал мигранти па излетал од патот

Policijanokje.jpg

На 12 април 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Д. (43) од Гевгелија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Инцидентот се случил на 11 април 2026 година околу 21:20 часот на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, кај местото „Шарен мост“, кога патничко возило „фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.Д., излетало од патот.


По несреќата, возачот побегнал од местото, но подоцна бил пронајден од полицијата. На местото на несреќата биле затекнати шест повредени мигранти од Египет, од кои едно лице со тешки телесни повреди е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите пет мигранти и возачот се здобиле со полесни повреди.

Можете да прочитате

Вчера двајца уапсени за семејно насилство

Вчера уапсени пет возачи низ Македонија

Пијани гости се тепале во кафеана во Македонска Каменица