Утрински Весник
Македонија

Пијани гости се тепале во кафеана во Македонска Каменица

Policija.webp.webp

На 11.04.2026 во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги приведоа В.М.(28), М.М.(42) и М.А.(34), сите од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Македонска Каменица, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. При извршен алкотест, било констатирано дека М.М. има 2,25 промили алкохол во крвта, В.М.- 1,65, а М.А.- 1,18 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.


Можете да прочитате

Вчера уапсени пет возачи низ Македонија

Маж од Гевгелија превезувал мигранти па излетал од патот

Таксист нападнат од тетовец – 24info.mk