Утрински Весник
Свет

Пропаднаа преговорите помеѓу САД и Иран

Usa iran.webp.webp

Иранските медиуми, кои претходно објавија дека имало несогласувања во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, но дека тие ќе продолжат во недела, сега ја обвинуваат американската страна за нивниот прекин.

„Неразумните барања“ од страна на Соединетите Американски Држави предизвикаа пропаѓање на разговорите во Исламабад меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, чија цел беше да се стави крај на војната на Блискиот Исток, објави во недела иранската државна телевизија (IRIB).„Иранската делегација неуморно и интензивно преговараше 21 час за да ги одбрани националните интереси на иранскиот народ. И покрај разните иницијативи од нејзина страна, неразумните барања на американската страна го спречија напредокот на преговорите. Затоа тие се завршени“, објави ИРИБ.


Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во неделата изјави дека неговиот преговарачки тим го напушта Пакистан откако 21 часовни разговори не успеаја да постигнат договор со Иран. Венс рече дека американските преговарачи се враќаат дома бидејќи Иран не се согласил со условите на САД, вклучително и обврската да не развива нуклеарно оружје.

„Лошата вест е дека не постигнавме договор и мислам дека тоа е многу полоша вест за Иран отколку за Соединетите Американски Држави“, рече Венс. „Значи, се враќаме без договор. Ги направивме нашите црвени линии многу јасни.“

Можете да прочитате

Иран: Хормуз е целосно под наша контрола

Орбан одговори дали ќе му честита на Маѓар доколку победи Тиса

Денеска гласа Унгарија: Се гледа ли крајот на Орбан?