Утрински Весник
Економија

Во февруари 244 одобренија за градење, 173 се за високоградба, предвидени 309 станови

Gradezni rabotnici na zgrada urbanizacija i olujni oblaci vreme esen 1a bg.jpg

Во февруари годинава издадени се 244 одобренија за градење, што е за 10.3 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Најголемиот дел од одобренијата, 173 се за високоградба, а предвидена е изградба на 309 станови, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. 

Најголем број одобренија се изадени во Полошкиот Регион, 84, по што следуваат Скопскиот со 57, Југоисточниот, 33, Источниот Регион, 21, ….


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 14. 476.578.000 денари, што е за 195.4 повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на ветерен парк за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 132 MW на територија на општините Штип, Радовиш и Карбинци.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 173 (70.9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 25 (10.2 проценти) од нискоградба и 46 (18.9 проценти) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 309 станови со вкупна корисна површина од 36 919 метри квадратни. Во Скопскиот регион ќе се градат 138 станови, во Полошкиоот регион 83, во Југоисточниот, 28, во Југозападниот Регон, 27,…

Од вкупно 244 објекти, на 174 (71.3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (28.7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 проценти на квартално – покажува индексот на цени на недвижности, што го објавува Народната банка врз основа на податоци што се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на главниот град. Минатата година во првиот квартал становите забележаа годишно поскапување за 19,5 проценти, во вториот за 19,9 проценти, во третиот од 25,1 проценти, а во четвртиот од 25 проценти.

Агенцијата за катастар на недвижностите во извештајот од регистарот на цени и закупнини на пазарот на недвижностите за 2025 година наведе дека за годинава се прогнозира умерен раст на пазарот на недвижностите во државава со зголемен интерес за инвестиции и продолжен раст на закупи.

Можете да прочитате

Битиќи: Владата најави дека нафтоводот е пуштен, а во реалноста тој не функционира

Левица: Наместо да ја решава кризата Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат 

Николоски: За 40 % е зголемена изградбата на автопатите, преку 70 % има реализација на капиталните инвестиции