Утрински Весник
Македонија

ВЕЛИКА САБОТА: Облачна воздушна маса од север носи локални врнежи

Meteoalarm.mk 34.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на ноќта кон утрешниот ден Велика сабота 2026  и на Велика сабота 2026 од север над територијата на Македонија ќе поминува облачна воздушна маса која ќе донесе локални послаби врнежи од дожд особено во северните  и во источните предели од Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.


Во Скопје  и околината токму оваа облачна воздушна маса исто така ќе донесе слаби локални врнежи од дожд.

Утре на Велика сабота наутро температурите насекаде ќе бидат позитивни, односно над нулата  и тие ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени. Преку денот пак максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 7 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 17 степени.

Можете да прочитате

Денеска сончево време со повремен ветер

Македонски возач во притвор по несреќа со Брза помош во Србија

Клековски: Да нема „слободни јавачи“ на епидемијата – Пановски му возврати да ги предупреди медиумите да не го бараат