Утрински Весник
Скопје

Автобусите и Жичницата ќе сообраќаат по неделен ред за Велигден

Zicarnica Vodno.jpg

Градските автобуси и Жичницата во Скопје ќе го прилагодат сообраќајот за време на продолжениот викенд по повод верскиот празник Велигден. Од 10 до 13 април јавниот превоз ќе функционира според неделен возен ред, со цел да се олесни движењето на граѓаните за празничните денови.

Според информациите од ЈСП-Скопје, во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: оние што работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, а оние со две смени од 08:00 до 18:00 часот.Во петок и недела дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација.


Жичницата, пак, ќе работи со редовно работно време од 10:00 до 18:00 часот од петок до недела, додека во понеделник нема да работи, како што е вообичаено секој понеделник и последниот вторник во месецот.

Од ЈСП-Скопје апелираат до граѓаните да се информираат за возниот ред и работното време на билетарниците пред патување, со цел непречено користење на јавниот превоз за празниците.

Можете да прочитате

Аеродром добива нов урбан простор пред Капитол

Герасимовски: Ветените проекти се реализираат, инвестираме во улици, паркови и инфраструктура

Универзална сала почнува да се гради