Утрински Весник
Македонија

Мицкоски го собра државниот врв на Велигденски ручек во Хилтон

Img 1673.jpeg

Премиерот Христијан Мицкоски организираше Велигденски ручек во хотел „Хилтон“, на кој присуствуваа негови соработници, министри, лидери на верски заедници и претставници на медиумите.

Иако официјална бројка за присутните не е соопштена, фотографиите од настанот покажуваат дека салата била исполнета до последно место, при што се создава впечаток дека просторот бил недоволен за сите поканети гости.


На настанот присуствувале и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, како и претседателот на Собранието Африм Гаши, што укажува на силно присуство на државниот врв.

До моментот на објавување на текстот, од Владата нема официјално соопштение или детали за содржината и целта на овој велигденски прием.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол