Утрински Весник
Скопје

Жицницата на Водно денеска нема да биде во функција

Zicarnica Vodno.jpg

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денеска жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.

Од таму посочија дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.


„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од ЈСП и воедно се заблагодарија на разбирањето.

Можете да прочитате

Земјиште се сруши при ископ на темели за зграда во Скопје

Ивановски: Приоритет е градскиот воз, делницата од Зелениково до Железничка станица ќе биде во функција од септември 

СДСМ: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе