Утрински Весник
Свет

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Zaharova.webp.webp

Русија соопшти дека пристапот кон „едностран, агресивен, неиспровоциран напад“ врз Иран претрпел „тежок пораз“ откако американскиот претседател Доналд Трамп објави двонеделен прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран, објави Анадолија.

„Сите изјави за потребата да се биде поагресивен, поофанзивен, да се пишува повеќе на социјалните мрежи и за „победата“ што наводно е веднаш зад аголот, повторно претрпе тежок пораз. Истото важи и за пристапот кон таков едностран, агресивен, неиспровоциран напад“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, во интервју за радио „Спутник“.


Захарова истакна дека Русија од самиот почеток инсистирала дека е потребно веднаш да се запре „агресијата“ против Иран и да се започне со „вистинско политичко и дипломатско решение“ и дека нема воено решение за ситуацијата.

Трамп објави дека се согласил да „го суспендира бомбардирањето и нападот врз Иран за период од две недели“. Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран на 28 февруари.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се сместени американски воени сили. Исто така, го ограничи и бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Можете да прочитате

Макрон предупредува на критичната ситуација во Либан

Иран потврди: Преговорите со САД почнуваат во петок во Исламабад

Голем пад на цените на нафтата по одлуката за примрје со Иран