Утрински Весник
Свет

Ирански министер повика со живи синџири да се штити инфраструктурата поради заканите од САД

Iran.webp.webp

Иранскиот заменик-министер за млади и спорт, Алиреза Рахими, го повика населението, вклучително младите, уметниците и спортистите, да формира живи синџири околу електроцентралите низ земјата, како реакција на заканите од САД за напади врз енергетската инфраструктура.

Тој апелираше акцијата да се одржи во 11:30 часот по средноевропско време, истакнувајќи дека целта е да се испрати порака против нападите врз цивилни објекти.


„Ќе се држиме за раце за да покажеме дека нападите врз јавната инфраструктура се воено злосторство“, изјави Рахими во видео-порака пренесена преку медиумите.

Повикот следува по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе извршат напади врз цивилна инфраструктура во Иран, вклучително мостови и електроцентрали доколку не биде отворен Ормускиот теснец.

Можете да прочитате

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург

Иран тврди дека нема напредок, Трамп вели дека преговорите одат „многу добро“

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран