Утрински Весник
Скопје

ВИДЕО Хаос со новиот возен ред на ЈСП: Патници се жалат на доцнења и гужви

Jsp.webp.webp

Патници се обратија до редакцијата на 4NEWS.MK со сериозни поплаки за новиот возен ред на ЈСП Скопје, посочувајќи дека измените предизвикале хаос во функционирањето на одредени линии.

Според нивните сведоштва, најпогодена е автобуската линија 66, каде што граѓаните се соочуваат со долги доцнења и нередовни поаѓања.


„Еве, новиот возен ред направи хаос со автобусите на линија 66. После два часа чекање, доаѓа автобус преполн со патници“, реагираат револтирани корисници на јавниот превоз.

Патниците велат дека поради ретките поаѓања, автобусите се преполни, што дополнително го отежнува секојдневното патување, особено во утринските и попладневните часови кога фреквенцијата на патници е најголема.

Дополнителни забелешки има и за новата веб-страница на ЈСП Скопје, за која граѓаните тврдат дека не ги прикажува сите поаѓања на автобусите. Ова, според нив, создава конфузија и ги остава без точни информации за времето на пристигнување.

Граѓаните апелираат до надлежните институции итно да реагираат, да го ревидираат возниот ред и да обезбедат попрецизни информации, со цел да се подобри квалитетот на јавниот превоз во главниот град.

Можете да прочитате

Дел од Волково утре без струја

Ѓорѓиевски: Чекор поблиску до првата подземна сообраќајница во Скопје

Се поставуваат контролни ознаки со невалидни датуми – Сериозни сомнежи за одржување на противпожарниот систем во „Џевахир Скај Сити”