Утрински Весник
Македонија

Приведени 12 возачи, седум од нив немале возачка

Mvr Policija 4.jpg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Кичево, Росоман, ГП Табановце, Чашка и Ранковце, а возачот во Ранковце возел и со поголема брзина од дозволената. За пречекорување на максимално дозволената брзина санкционирани се возачи во тетовско, кумановско и Свети Николе, а еден возач во скопско управувал возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Еден возач во Прилеп возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


Можете да прочитате

Министерство за правда: Протестот на студентите е обид за политичка манипулација и етничка реторика

Мицкоски: Целосно се реконструирани 6 операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”

 Син со над 2 промили алкохол со денови ги малтретирал родителите