Утрински Весник
Македонија

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

20260405130639 big 730x400 89.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски порача да бидат спокојни сите институти кои генерираат квалитет во високото обрзование, но дека нема да бидат толерирани случаи по примерот што вчера го обелодени министерката Весна Јаневска која соопшти дека затвориле приватен институт кој работел во обложувалница. 

-Нив не може да ги толерираме бидејќи мора еднаш во високото образование да почнеме да генерираме квалитет, а не квантитет. Нашата цел не е да се затвори никој, нашата цел е да престанат со работа оние што генерираат неквалитет односно тие што буквално го осакатуваат високото образование, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се преразгледа член 33 став 6 од предложениоет закон за научноистражувачка дејност, со кој се засегнати приватните инстутути и се доведува во прашање нивната работа. 


Мицкоски нагласи дека Владата е подготвена да прифати издржани аргументи во врска со пакетот три закони за високо образование и за наука, кои од утре ќе бидат во владина процедура, дека никој не ги одбива од дебата високообразовните установи затоа што, рече, дебатата е суштината. 

-Од моментот кога ќе влезат во владина процедура до нивно усвојување имаме недели и месеци за работа и се разбира дека доколку имаме такви институции што се чувствуваат обесправени, а генерираат квалитет тогаш, врувајте, лично ќе застанам во нивна одбрана и лично на владина седница ќе побарам измена на тој член, додаде Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција посветена на новите мерки за намалување на цената на горивата. 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера во одговор на новинарски прашања порача дека мора да се стави ред во високото образование бидејќи се констатирани многу нерегулатности поради што во изминатиот период се затворени 14 приватни институти. 

-Затворивме таканаречени 14 приватни институти. Зошто таканаречени? Најбруталниот пример беше кога комисијата од МОН отиде да направи увид на еден институт. Тој беше регистриран во задната просторија на обложувалница, каде што институтот требаше да ги извршува своите функции на две столчиња и два душека, а вработени беа двајца луѓе и беше прекршен законот. Тој беше веднаш затворен. Тоа е најбруталниот пример, има и полесни примери, но ние водиме 34 високообразовни институти, установи во земјава, и вакви работи се апсолутно недозволиви, затоа што под називот приватен институт де факто се извршуваат други функции, како што е овој пример со обложувалницата, рече Јаневска. 

Можете да прочитате

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица