Утрински Весник
Магазин

Доаѓа астролошки шок: Уран влегува во Близнаци – светот нема да биде ист вели Јанковска

Img 1490.jpeg

Во најновото издание на емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV.mk, водителката и астролог Наташа Јанковска најави значаен астролошки настан кој, според неа, ќе го одбележи развојот на човештвото во наредните години.

Станува збор за влегувањето на планетата Уран во знакот Близнаци на 25 април, каде што ќе се задржи до 22 мај 2033 година. Овој транзит, кој трае околу седум години, носи потенцијал за длабоки и брзи трансформации – како на индивидуално, така и на колективно ниво.


Јанковска објаснува дека Уран е симбол на слобода, револуција, иновации и генијалност, но и на ненадејни и често шокантни пресврти. „Ова е планета која руши стари системи за да создаде нови, носи идеи што се пред своето време, но истовремено може да предизвика и нестабилност, анксиозност и ментален немир“, посочува таа.

Според неа, актуелниот транзит на Уран во Бик (од 2018 година) веќе донесе значајни промени во економијата, финансиските системи, банкарството и земјоделието, како и глобални кризи, поскапувања и природни катастрофи.

Со преминот во Близнаци, фокусот се префрла кон комуникацијата, технологијата, образованието и информациите. „Очекуваме револуција во начинот на размислување, нови комуникациски системи, напредок во технологијата и радикални промени во образованието“, вели Јанковска.

Таа прави и паралела меѓу Уран и Меркур, посочувајќи дека додека Меркур го претставува рационалниот, човечки ум, Уран е симбол на повисока, космичка интелигенција. „Ако Меркур е телефон, Уран е мобилен телефон. Ако Меркур е автомобил, Уран е авион“, објаснува таа.

Историските циклуси, според астрологијата, покажуваат дека секојпат кога Уран бил во Близнаци, човештвото доживувало силни интелектуални и технолошки скокови. Од појавата на печатарството и ширењето на писменоста, преку просветителството и Американската револуција, па сè до развојот на компјутерите, телевизијата и новиот светски поредок по Втората светска војна.

„Сега повторно влегуваме во период кога ќе се менува начинот на комуникација, размислување и живеење. Уран во Близнаци секогаш носи нова ера“, заклучува Јанковска.

Повеќе на линкот од видеото

Можете да прочитате

Рецепт на денот: Плескавици од тиквички

Доаѓа дигитална ера – Пари, образование и медиуми се селат целосно онлајн вели Јанковска

Хороскопски знаци што избираат мал круг на пријатели, но длабоки врски